Делегација на Македонскиот полициски синдикат во работна посета на Агенцијата за разузнавање

Од:

Делегација на Македонскиот полициски синдикат (МПС) предводена од претседателот Марјан Кицев и генералниот секретар Киро Трајковски оствари работна средба со директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

На средбата, како што соопшти МПС, директорот на АР Муслиу, ја потенцирал важноста од добрата соработка со Македонскиот полициски синдикат, како единствен репрезентативен синдикат за вработените во Агенцијата за разузнавање и подготвеноста за соработка во интерес на вработените.

– Единствена цел на Македонскиот полициски синдикат е да продолжиме со одличната соработка со раководството на Агенцијата за разузнавање, сѐ со цел обезбедување подобри услови за работа и подобрувањето на стандардот на вработените во Агенцијата за разузнавање, истакнал Марјан Кицев во обраќањето пред присутните.

Би можело да ве интересира

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

Разузнавачките служби ќе функционираат во една агенција

ДУИ: Скандалите немаат крај, нема ниеден Албанец во раководството на Агенцијата за разузнавање

Претседателката Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање

Предраг Петровиќ

МПС ги повика членовите на 4 февруари доследно да ги извршуваат задачите, а политичките партии да не ги заплашуваат вработените во безбедносните служби

Ана Ололовска