Тетовци платиле 73 520 евра за неносење заштини маски

Од:

Од 1-ви мај 2020 година кога стапи на сила владината уредба за задолжително носење заштитни маски на лицето за превенција од ширење на коронавирусот на тетовското подрачје досега изготвени се 3676 поднесоци односно платни налози, информира денеска СВР Тетово.

Согласно уредбата сите граѓаните кои добиле таков платен налог платиле по 20 евра во денарска противвредност. Тоа се вкупно 73.520 евра платени казни од граѓаните.

-Секторот за внатрешни работи Тетово неделава значително ги засили контролните активности кои се однесуваат на користење заштита на лицето во возила, патнички, комбиња и автобуси, а кои континуирано се реализираат неколку месеци наназад. На сите кои не ја почитуваат, односно не се придржуваат на владината Уредба со која се регулира задолжителното носење на заштита на лицето, на начин и место утврдени со истата, им се изготвуваат поднесоци. Секторот за внатрешни работи Тетово им укажува на возачите и другиот работен персонал во комбиња или автобуси стрикно да се придржуваат на Уредбата за која станува збор и да не превезуваат лица без заштитни маски, но и повеќе од максимално дозволениот број на патници. Во спротивно возилата ќе бидат исклучувани од сообраќај и ќе им се изготват поднесоци, не само на физички, туку и на правните лица, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на 34 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски