ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев со брзоплети одлуки го загрозува здравјето на граѓаните

Од:

„Власта на Заев си игра со здравјето и животите на граѓаните. Спротивно на насоките на Комисијата за заразни болести која препорача породилното отсуство да се продолжи до крајот на годината, Владата донесе одлука мајките да се вратат на работа порано. Со ова директно мајките се оставаат во ситуација да нема кој да се грижи за нивните деца, ако се има предвид дека согласно најавите на експертите тие не ги запишале децата во детските градинки“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително согласно препораките на експертите државата не може да одговори во целост на потребните капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст, а од друга страна бара нивните родители да се вратат на работа. Детските градинки и во ваква состојба се соочуваат со големи проблеми и здравствени предизвици, а после ваквата одлука на Владата ситуацијата може уште повеќе да ескалира.

Очигледно власта на Заев не само што не може да се справи со здравствениот аспект на кризата, туку не може да одговори и на предизвиците кои таа ги носи. Цели 6 месеци ги преспаа или беа фокусирани само на изборен поткуп и криминал, па сега со брзоплети одлуки спротивни на експертските мислења сакаат да прикажат најнова нормалност.

ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да ги повлече овие непромислени одлуки и заедно со засегнатите, здравствените експерти и социолозите да донесе издржан план како ќе се одвива воспитно образовниот и згрижувачкиот процес на деца во предучилишна возраст, кога веќе тоа не го направи порано“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски