Наставата на факултетите ширум Италија почнува в понеделник на 21 септември, а студентите на предавањата ќе мора да носат заштитни маски за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, изјави италијанскиот министер за високо образование Гаетано Манфреди.
Универзитетите во Италија беа затворени во март, на почетокот на пандемијата со новиот коронавирус.
Предвидено е на предавањата да присуствуваат 50 отсто од студентите, а во истовреме постои и можност за учење од далечина. Тоа се однесува на студентите кои живеат вон градот каде се факултетите, за странците, но и за сите други кои од различлни причини не можат да присуствуваат на предавањата.