Промоција на младите австриски уметници во Македонија

Од:

Ревија на современи кратки и документарни австриски филмови, ЗУМ Австрија вечер ќе се одржи во кафе-ресторанот „Менада“. ЗУМ Австрија претставува селекција од најновите австриски филмови, збир од најразлични стилови и пристапи од млади австриски режисери.

Селекцијата ќе овозможи запознавање со современата, во голем дел независна и некомерцијална австриска продукција. Понудените филмови генерално не можат да се најдат во комерцијална дистрибуција и затоа ваквата проекција нуди уникатна можност за нивно гледање. Многу од филмовите претставуваат општествено ангажирани приказни, кои одразуваат и се занимаваат со интересни општествени теми и проблеми со кои се соочуваат нашите општества.

ЗУМ Австрија e организиранa од Ljubljana International Short Film Festival (SLO), кој континуирано ја промовира австриската младинска кинематографија во Љубљана, како и во други држави во Европа, вклучувајќи ја и Македонија. ЗУМ Австрија се организира со поддршка на Австриската амбасада во Република Македонија и австриското Министерство за образование, култура и уметност.
Проекцијата ќе се одржи од 19 до 01 часот по полноќ. Влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска