Пензионери од Штип и Свети Николе измамени при набавка на огревни дрва

Од:

Две измами со огревно дрво се регистрирани во Свети Николе и Штип, во кои повторно жртви на измамнинците се пензионери.

Во првиот случај 87-годишен пензионер од Штип пријавил дека вчера бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека според пријавеното, околу 12 часот во неговиот дом на улицата „Цветан Димов“ во Штип дошло лицето и му понудило огревно дрво, а откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не му донело дрва.

Во вториот случај жртва е 67-годишна пензионерка од Свети Николе, која пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 7.000 денари. во нејзиниот дом на улицата „Ванчо Ангелов“ во Свети Николе дошло лицето и и понудило три кубни метри огревни дрва за сума од 7.000 денари. Според пријавата, таа му ги дала парите, по што заминало, но не и донело дрва.

Полцијата и во двата случаи постапува. Панајотова апелира граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, кои не се први случаи во источниот регион, во кои се измамени пензионери.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје