Припадниците на бугарската државна безбедност запленија 350 илјади лажни гласачки ливчиња, соопштија денеска обвинителите, еден ден пред парламентарните избори, на кои според прогнозите ниту една партија нема да освои мнозинство, што ќе резултира со уште поголеми политички превирања во најсиромашната земја во Европската унија.
Обвинителите нагласија дека ливчињата се пронајдени во печатница, чиј сопственик е локален советник од партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), чија Влада поднесе оставка за време на протестите во февруари, но според резултатите од анкетите е во благо водство.
– Повеќе од 350 илјади испечатени гласачки ливчиња, кои биле подготвени за употреба на парламентарните избори се пронајдени во печатницата Костинброд, соопшти канцеларијата на обвинителството во Софија.