„ЧЕЗ“ има шанси да ја сочува лиценцата за дистрибуција на струја во Бугарија

Од:

Чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“ е на добар пат да ја сочува лиценцата за дистрибуција на електрична енергија во Бугарија, информираат чешките медиум повикувајќи се на изјава на бугарскиот министер за економија и енергетика Асен Василев.

Според Василев, како што јави дописникот на МИА од Прага, чешката компанија до сега успеала да ги отстрани сомневањата дека ги прекршува бугарските антимонополски закони.

Сепак, конечниот збор го има Регулаторното тело, кое е независно од Владата и чија одлука се очекува идниот месец.

Бугарските органи во февруари започнаа процес кој можеше да доведе до одземање на лиценцата за работа на „ЧЕЗ” во земјата поради сомневање за непочитување на бугарските закони во врска со јавни набавки.

На тоа му претходеа протести од бугарски граѓани кои беа незадоволни од високата цена на струјата и по што следеше оставка на премиерот Бојко Бирисов.

Сепак, решението на овој проблем ќе го решава идната Влада, која ќе произлезе по парламентарните избори кои за време на викендов се одржуваат во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени