Во северниот дел на Сирија се урна американски хеликоптер, јавија денеска сириските државни медиуми.
Сириската новинска агенција САНА јави дека хеликоптерот се урнал во село Тел Хадад во провинцијата Хасакех, а американски тенкови го затвориле пристапот до зоната.
Се уште не е позната причината за хеликоптерската несреќа, а американската армија се уште не го коментира инцидентот.