Секојдневната врева влијае на срцето

Од:

Ново истражување на германски научници сугерира дека поголема изложеност на секојдневната вообичаена врева може да влијае на функцијата на срцето.

Научниците од „Хелмхолц Зентрум Минхен“ објави дека и вревата како ѕвонење на телефон може краткорочно да го зголеми бројот на отчукувања на срцето кај испитаниците.

Наодите собрани од 110 возрасни лица го објави стручното списние „Environmental Health Perspectives“.

Според истражувачите, веќе и звуците потивки од 65 децибели (нормален разговор или смеење) доведуваат да се забрза пулсот.

Оваа појава била уште поизразена по изложеноста на посилна врева.

Исто така се покажало и дека изложеноста на посилни звуци била поврзана со намалување на варијабилноста на срцевиот ритам.

Претходни истражувања веќе го поврзаа намалувањето на варијабилноста на срцевиот ритам со зголемувањето на ризикот за срцев удар.

Бројни поранешни студии веќе укажаа на поголеми изгледи за срцев удар кај лица кои редовно биле изложени на вревата на работното место.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска