Пакистанскиот премиер сака јавни бесилки за силувачите, но тоа може да му ги расипе односите со ЕУ

Од:

Пакистанскиот премиер Имран Кан денеска изјави дека сака осудените силувачи да бидат јавно погубени или хемиски кастрирани, пренесоа британските медиуми.

Пакистан минатата недела беше потресен од случајот на силување на жена, мајка на две деца, која сама се возела по автопатот во близина на Лахоре, а двајца мажи ја извлекле од автомобилот, впериле пиштол во неа и ја силувале. Денеска е уапсен едниот од силувачите, а по вториот се уште се трага.

Кан смета дека виновниците треба јавно да бидат обесени, но советниците му кажале дека одлуката може да го загрози посебниот трговски статус што на Пакистан му е доделен од ЕУ.

Земјата го доби овој статус во 2014 година и тој е условен со меѓународните конвенции, вклучувајќи ги и почитувањето на човековите права. Затоа премиерот Кан додава дека место бесење, сега се разгледува опцијата за хемиска кастрација за силувачите.

Силувањето на жената предизвика бес и предизвика протести низ Пакистан, на кои се бара бесење за силувачите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица