Русија ќе ги повлече својата војска од границата со Белорусија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко денеска во Сочи се договориле Русија да ги повлече своите трупи долж границата со Белорусија, соопшти Кремљ.

-Важен резултат од разговорите меѓу двајцата претседатели во Сочи е договорот со кој се отстрануваат резервните трупи на безбедносните сили и Националната гарда, кои беа распоредени во близина на руско-белоруската граница, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тасс вечерва објави дека Песков изјави дека припадниците на единиците кои биле распоредени во близина на границата со Белорусија ќе се вратат во своите матични бази.

Песков, според Тасс, исто така, кажал дека во разговорот меѓу Путин и Лукашенко не се спомнало за воспоставување руска воена база во Белорусија, што било навестено од одредени медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина