Корупцијата и понатаму најголем проблем во Србија, оценува Стејт департментот

Од:

Во годишниот извештај што го подготвува Стејт департментот на САД за 165 странски пазари, стои дека инвестициската клима во Србија е подобра во споредба со претходните години, иако сè уште е опфатена со корупција, бирократија, неефикасен судски систем, сива економија и неликвидни јавни претпријатија. Според извештајот политичкото влијание врз одлуките на официјално независните регулаторни тела е сè уште присутно.

Од друга страна, подобрувањето на климата за инвестирање е резултат на новите макроекономски реформи, поголемата финансиска стабилност, подобрената фискална дисциплина и процесот на пристапување кон ЕУ, што е поттик за законски измени што го подобруваат деловното опкружување, проценува Стејт департментот.

Според Стејт департментот важен приоритет за српската влада треба да биде привлекувањето на инвестициите, а отворањето на канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација за развој (ДФЦ) во Белград на 21 септември, може да биде поттик за доаѓање на повеќе американски инвеститори.

„Генерално, американските инвеститори уживаат еднакви услови со нивните српски и странски конкуренти. Американската амбасада во Белград често им помага на инвеститорите кога ќе се појават проблеми, а српските лидери реагираат на нашата загриженост“, стои во извештајот на Стејт департментот на САД.

Сепак, се проценува дека, и покрај значителниот напредок, Србија сè уште се соочува со предизвици, особено во однос на корупцијата, но исто така и на нерешеното прашање на државните компании кои се во големи загуби, сивата економија, административните одложувања и неефикасниот судски систем.

Во анализата на крајот  се заклучува дека деловните можности во Србија можат да продолжат да растат ако српската влада ги спроведе ветените реформи за време на процесот на пристапување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски