37 нови случаи на Kовид-19, починати се 4 лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.

Починати се 4 лица, пациент од Виница на 57 години, двајца пациенти од Охрид на 77 и 57-годишна возраст и еден од Струга на 74 години. Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860.

Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6326, активни 540

• Куманово 1605, активни 190

• Дебар 268, активни 35

• Штип 1205, активни 72

• Прилеп 562, активни 133

• Тетово 1304, активни 117

• Струга 627, активни 63

• Велес 288, активни 18

• Битола 245, активни 47

• Охрид 395, активни 58

• Кавадарци 202, активни 30

• Гостивар 856, активни 93

• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 103, активни 44

• Крива Паланка 83, активни 38

• Радовиш 52, активни 9

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 189, активни 53

• Пробиштип 95, активни 18

• Демир Хисар 60, активни 1

• Македонски Брод 84, активни 12

• Пехчево 42, активни 27

• Берово 73, активни 30

• Валандово 11, активни 3

• Виница 94, активни 29

• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 309, активни 19

• Кичево 290, активни 29

• Ресен 153, активни 6

• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 464 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот, информираат од Министерството за здравство.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на Ковид-19, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски