Белоруската полиција користи водени топови и апси во градот Брест, протести и во други градови

Од:

Белоруските безбедносни сили употребиле водени топови против демонстрантите во западниот град Брест, јави Тасс, повикувајќи се на tut.bi.

Според сајтот, по употребата на водените топови во центарот на Брест, полицијата почнала и да ги апси демонстрантите.

Сајтот, исто така, наведува дека неколку десетици лица биле приведени за време на протестот во Гродно. Покрај тоа, протестни митинзи и маршеви денеска се одржуваат и во голем број други белоруски градови, вклучувајќи ги Могилев, Барановичи и Витебск.

Во Минск се собрани повеќе десетици илјади демонстранти.

Во Белорусија од оддржувањето на  претседателските избори на 9 август секоја недела се одржуваат масовни протести.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад