Најмалку 50 млади лица загинале во хаварија во рудник за злато во Конго

Од:

Најмалку 50 лица загинаа или исчезнаа кога се урна рудник за злато во Демократска Република Конго, соопшти локална невладина организација.

Рудникот се урнал вчера попладне во близина на Камитуга, на истокот од земјата, јавија британските медиуми.

Локалната невладина организација „Иницијатива за поддршка и социјална заштита на жените“ соопшти дека рудникот внатрешно се урушил и дека во тоа време во него имало 50 млади луѓе.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како стотици луѓе се собрани околу влезот во урушениот рудник, додаваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска