Федерер повторно тренира по операцијата на коленото

Од:

Швајцарскиот тениски ас и 20-кратен освојувач на Грен слем турнирите, Роџер Федерер, се врати на тренинзите по операцијата на коленото.

Според „Tages Anzeiger“ 39-годишниот тенисер следната недела има намера да одржи два тренинга во траење од по 45 минути.

Федерер беше опериран во коленото во февруари и планираше да се врати на теренот за време на сезоната на турнири на трева. Сепак, поради пандемијата на коронавирусите, турнирите на тревната подлога беа откажани.

Швајцарецот беше подложен на дополнителна артроскопска постапка во јуни и ја заврши сезоната пред предвидениот рок. Тенисерот рече дека има намера да игра на Австралија опен во 2021 година. з

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он