Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15555, бројката на оздравени пациенти е 12994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919.
Во Скопје се бележат 588 активни случаи, што е мало зголемување во однос на вчера, кое доаѓа по неколку недели континуиран пад на оваа бројка во главниот град.
Аеродром и натаму е скопската општина во која има најмногу активни случаи – 94, а следат Гази Баба и Карпош со по 71 и Центар со 68.
Еве како се распределени активните случаи на Ковид-19 по општините во македонската престолнина.
• Чаир – 55
• Гази Баба – 71
• Аеродром – 94
• Карпош – 71
• Центар – 68
• Кисела Вода – 53
• Ѓорче Петров – 35
• Бутел – 41
• Шуто Оризари – 19
• Студеничани – 13
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен-16