Реакција на Министерството за здравство

Од:

Во врска со актуелните контроли во јавните здравствени установи во Република Македонија, а за спроведување на проектот „плаќање по учинок„, Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека спроведувањето на овој проект примарно е насочен кон заштита на правата на пациентите како и соодветна валоризација на трудот на здравствените работници.

Активностите кои Министерството ги спроведува никако не се насочени против докторите во јавните здравствените установи.

Напротив, со превентивните контроли на внесувањето на податоците, Министерството прави се за да ги спречи можните штетни последици кои би произлегле од неточниот внес на податоци. На тој начин, сакаме да превенираме, зависно од настаната штета од лажното внесување на податоци, последици од типот на дисциплинска одговорност до кривична осуда.

Како и многу пати досега, сакаме да потенцираме дека се залагаме за доследно спроведување на законите и почитувањето на правниот поредок, се со цел заштита на здравствениот систем и унапредување на здравствената заштита на граѓаните на Република Македонија.

Во таа смисла, апелираме до сите медуми, при нивното известување за актуелната состојба, информациите да ги пренесуваат во целост и во духот во кој се дадени, истите да не се вадат од контекстот со што граѓаните се доведуваат во заблуда и се создава непотребен револт и кај здравствеите работници и кај пациентите.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството