Груби-Дуџак: Продлабочување на соработката меѓу Владата на Северна Македонија и ООН

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации во Република Северна Македонија Росана Дуџак, на која како што информираше неговиот кабинет, биле разменети информации и идеи за тоа како да се продлабочи соработката помеѓу органите на ООН и Владата на Република Северна Македонија.

-Дуџак ја поздрави добрата соработка меѓу ООН и Северна Македонија, оценувајќи дека земјата, во најважните моменти, покажала коректни односи со сите важни прашања, кои се во фокусот на Европската Унија и истовремено на ООН. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците на овој состанок и рече на Дуџак дека добрата и правилна соработка со органите на ООН постојано се зајакнува и дека ова темпо ќе се задржи и во иднина, се вели во соопштението.

Во оваа прилика, Груби им се заблагодарил на ООН за помошта преку сите свои агенции и програми за поддршка на Северна Македонија.

Груби и Дуџак разговарале и за приоритетите на Владата и истовремено ги презентираше приоритетите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, нагласувајќи дека функционирањето на извршната кохезија на владината коалиција и владините политики ќе останат приоритет.

На крајот на состанокот, двајцата соговорници се согласија дека агенциите на ООН ќе продолжат да соработуваат во сите области во кои ООН можат да помогнат и да се вклучат во решавање на важните прашања на национално и меѓународно ниво.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните