Поради зголемениот интерес од страна на читателската публика, а воедно и поради почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, организаторите на Саемот на книга заедно со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, донесоа одлука Саемот на книга да има продолжено работно време денеска и утре.
Работното време за петок е од 10:00 до 21:00 часот, а за сабота е од 10:00 до 22:00 часот. Сите други денови останува со редовното работно време.
Со цел да се избегнат гужвите на билетарите организаторите потсетуават дека билет за Саем на книга можат да се купи преку оn-line електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари.
Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Северна Македонија.