(ВИДЕО) Шимиќ: Инвестираме во подобро поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода, градиме по план

Од:

„Општина Кисела Вода заедно со градот Скопје, предводени од СДСМ и коалицијата во континуитет инвестираат во унапредување на патната инфраструктура во нашата општина.

Во насока на тоа е започнатата изградба за продолжување на улицата „Есенинова“, која е од голема важност за граѓаните од општина Кисела Вода, затоа што претставува трето поврзување на урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода.

Улицата „Есенинова“ ќе биде долга 730 метри, со две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во „Трета македонска бригада“, рече Дарио Шимиќ, советник во Советот на општина Кисела Вода.

„На истата предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и притоа ќе се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација.

Со изградбата на улицата „Есенинова“, значително ќе се подобри сообраќајот во овој дел од градот и ќе помогне кон подобро функционирање на граѓаните низ овие општини, а рокот за изградба на оваа улица е 22 месеци.

Во периодот што следува во насока на отстранување на постоечките проблеми на граѓаните од општина Кисела Вода интензивно ќе продолжи соработката со централната власт и со Градот Скопје.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните“, изјави Дарио Шимиќ, советник во Советот на општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана