А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведени тројца скопјани за тешка кражба во маркет во Ѓорче Петров

by А1он11/09/2020 - 12:07245
Share0

Полицијата приведе и поднесе кривична пријава против три лица од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле тешка кражба во маркет во населба Ѓорче Петров, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 804.700 денари.

Добивај вести на вибер

– Врз основа на информациите на А.Б. (26), кој пред две години работел во маркетот како обезбедување и ја знаел целосната поставеност на просториите во маркетот и на камерите од видео надзорот, на 17.04.2020 околу 23.00 часот, преку имот кој што граничи со маркетот, влегле во задниот дел од објектот, по што А.Ј. (23) ја скршил камерата за видео надзор и го деактивирал сензорот за аларм во маркетот. Откако А.Б. и А.Ј. влегле внатре во маркетот, ги скршиле сите камери за надзор, го одзеле сефот со пари од дневен промет, како и поголема количина цигари, парфеми, кремови, лосиони и алкохолни пијалоци. После тоа, во возило на третопријавениот И.Г. (34) ги товариле предметите и заминале, се вели во соопштението од МВР.

По преземени мерки од Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров-Одделението за криминалистички работи, по насоки и во содејство со ОЈО Скопје, било утврдено дека А.Б., А.Ј. и И.Г. го испланирале и го извршиле кривичното дело.

Против тројцата СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“.

krazba

Би можело да ве интересира

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски01/12/2025 - 20:2401/12/2025 - 21:12

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45

Лувр е повторно отворен

Горан Наумовски22/10/2025 - 18:38

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Предраг Петровиќ25/07/2025 - 16:58

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он23/06/2025 - 16:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен