Тодоров се заканува со затвор за лекарите кои внесувале лажни податоци за плаќањето по учинок

Од:

Во контролата што ја изврши Министерството за здравство во Градската oпшта болница „8 Септември“ констатирани се сериозни дискрепанции на несовпаѓање меѓу внесените податоци од лекарите и реалната состојба во системот за плаќање по учинок, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Апелираше до сите лекари повторно да ги внесат податоците за учинок.

– Не сакаме да бидеме ставени во ситуација да поднесуваме кривични пријави против оние што внеле лажни или грешни податоци во системот, изјави Тодоров.

Очекува до 14 мај лекарите да ги внесат реалните податоци во системот за плаќање на учинок, а потоа, рече, на 15 мај ќе биде исплатена нивната плата.

Тодоров притоа истакна дека веќе следниот ден на 16 мај ќе бидат повторно контролирани сите болници и здравствени институции каде што е воведен системот за плаќање по учинок.

Предупреди дека за внесување на лажни податоции стекнување противправна имотна корист лекарите може да бидат гонети кривично, односно против нив да биде поднесена кривична пријава и да бидат казнети со парична казна и затвор до три години.

Стопирана е исплатата, исто така на наградата на стоте најдобри лекари чии имиња беа неодамна објавени во дневните весници. Причина за тоа, како што рече Тодоров, биле забелешките што за пријавените учиноци стигнале до него од двајца доктори. Министерот рече дека ќе бидат проверени учиноците на сите сто лекари.

Контролите на Министерството за здравство ќе продолжат. Денеска се прави контрола во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и во Битолската болница.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот