Кога на 2-ри мај ја поставила својата матурска фотографија на Фејсбук, Алмаса Сарајлиќ веројатно не ни знаела дека таа ќе биде Фејсбук сензација.
За неполни седум дена од поставувањето на фотографијата, повеќе од 23 илјади корисници притиснале „Ми се допаѓа“ на истата.
Сите кои ја кликнале сликата се воодушевени од убавината и од среќата на девојката со потекло од Витез.
Иако вкусовите се различни, најверојатно фотографијата на Алмаса ќе биде прогласена за најубава матурска фотографија во Босна и Херцеговина.