СДСМ: Владата е посветена на надминување на последиците од коронакризата

Од:

„Уште во првите денови од новиот мандат, Владата предводена од СДСМ е силно посветена на создавање и реализација на мерки и политики кои имаат за цел брзо надминување на економските последици од коронакризата.

Наскоро започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки преку кои ќе им се помогне на граѓаните, работниците и компаниите“, соопштува СДСМ.

„За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ, платежни картички ќе им бидат доделени и на пензионерите со пензии до 15.000, пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.

Следуваат и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а продолжува и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.

Владата предводена од СДСМ преку навремени и ефикасни мерки и политики успеа да ги ублажи првичните удари врз економијата. Во новиот мандат, следува градење на нова, развојна македонска економија подготвена да одговори на сите предизвици и да обезбеди шанса за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат