Патријархот на Коптската православна црква од Египет, Тавардос Втори денес во Ватикан се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква папата Франсис, што е прв состанок на поглаварите на двете цркви во последните четириесет години.
Средбата на двајцата поглавари ќе ја одбележи годишнината од кога е потпишана декларацијата за поправената врска помеѓу двете цркви, која ја потпишаа папата Павле Шести и патријархот Шенуда Трети.
Папата Франсис истакна дека е убеден дека во текот на посетата може да се остварат нови значајни чекори кон потполно единство на католиците и коптите.
-Денешната посета ја зајакнува врската на пријателство и братство кои не обединуваат-истакна тој.
Патријархот Тавадрос Втори го покани поглаварот на Римокатоличката црква да го посети Египет.
-Се надевам дека наскоро ќе имам чест да го примам на гости папата, во мојата сакана држава-истакна тој.
Елена Георгиевска