Трамп: Ким Џонг-ун е во добро здравје, никогаш не го потценувајте

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша статус за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, за кој во последно време често се шпекулираше дека е болен или починат.

– Ким Џонг-Ун е во добра здравствена состојба. Никогаш не го потценувајте!, напиша Трамп на Твитер, без никакво објаснување за тоа од каде му е информацијата за здравјето на Ким.

Кога изминатата пролет севернокорејскиот лидер ја пропушти прославата на Денот на сонцето, со која се слави раѓањето на државата и на неговиот дедо, бројни медиуми шпекулираа за неговото здравје. Повикувајќи се на кинески и јужнокорејски извори, медиумите шпекулираа дека тој е сериозно болен и закрепнува од операција на срцето. Но, тој потоа се појави по дваесетина дена на отворање на фабрика.

На почетокот на овој месец, некои западни медиуми објавија дека Ким Џонг-Ун е во кома, а се споменува дека и неговата сестра Ким Јо-Џонг исто така не е видена подолго време.

Би можело да ве интересира

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности