Џафери: Имплементацијата на родовата рамноправност е исклучителна вредност за општеството

Од:

Министерството за одбрана на Република Македонија настојува да ги почитува стандардите за вклучување на жената во сите аспекти од одбраната. За таа цел имаме Национален акционен план за спроведување на Резолуцијата 1325, а донесени се и дополнителни документи за практично имплементирање на истата.

Ова го осочи министерот за одбрана Талат Џафери, на денешната средба со Мари Скаре, специјален претставник на генералниот секретар на НАТО за жените, мирот и безбедноста.

В рамки на Министерството за одбрана, информира тој,постои и Комитет за родова перспектива и родова рамноправност, кој ги организира и координира активностите за имплементација на Резолуцијата, меѓу кои и потпишувањето Меморандум за разбирање со УНЊОМЕН, како и мерките за едукација и образование за предметната област.

Како пример за почитување на родовата рамноправност во областа на одбраната министерот Џафери го спомена и првиот Конкурс за обука на пилоти, на кој еден од четирите селектирани кандидати е припадничка на понежниот пол.

– Наша заложба е да постојат еднакви можности за сите кандидати, и затоа очекуваме во следните конкурси во однос на бројот на жени да имаме поинаков сооднос, додаде министерот Џафери.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на НАТО, Скаре, се заблагодари за преземените активности и посочи дека НАТО и Македонија имаат заедничка цел кога станува збор за имплементацијата на родовата еднаквост.

Таа додаде дека минатите самити на Алијансата покажуваат дека политиката за родова еднаквост која дава можност за користење на потенцијалот на женскиот пол во оваа област, е всушност една од поважните политики на НАТО.

Осврнувајќи се на улогата, како и големите можности за влијание врз жените и децата во услови на конфликт, од аспект на спреченоста за образование и појавата на насилство од секаков тип, таа истакна дека од исклучителна важност е на жените да не се гледа само како на жртви, туку и на придонесувачи.

Џафери и Скаре се согласија дека учеството на жените во рамки на меѓународните мировни мисии е исклучително значајно, особено искуствено гледајќи на мисиите на Косово и во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната