(ВИДЕО) Велјановски: Кај кого завршиле ветените 4 милиони евра поткуп кои Дака му ги вети на Кичеец за ШИК Јелак!?

Од:

„300.000 евра, гратис 2.000 квадрати, 2 милиони евра откако работата ќе биде завршена и уште два милиони евра за друг, ова е поткупот за бетонската џунгла која овде зад нас ќе никне, а која завршила во џебовите на некој од власта. Дака за оваа работа се видел и со Заев. Ова не се зборови на ВМРО-ДПМНЕ, ова го говори бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, познат по своите анти ЕУ и анти НАТО ставови од снимката која цела јавност ја слушна, а која ние заедно со текст од оваа изјава ќе ја поднесеме до ЈО.

Според снимката која беше објавено во медиумите Дака дал 300.000 евра на Зоран Милески – Кичеец, 2.000 квадрати простор на непознато лице и ветување дека откако ќе го добие ветеното ќе плати уште 4 милиони евра.

Заев преку Дака отвора врата за анти НАТО и анти ЕУ политики во државата“, рече Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ и ДУИ побрзаа она што сите слушнавме дека Кичеец го вети во снимката да го реализираат. Останува непознато кај кого точно завршиле 4 милиони евра?!

Кој политичар од власта за 4 милиони евра дозволи Тетово да биде претворено во бетонска градежна џунгла?!

ЈО не смее да го премолчува очигледниот криминал. Се што слушнавме дека Зоран Милески – Кичеец вети, сега е реализирано. За истата работа, како што слушнавме од снимките, Кичеец му организирал средби на Дака со Драги Рашковски, тогашен генерален секретар на владата и Зоран Заев лично.

Постапката за добивање согласност е истуркана во рекорден рок од 7 дена. Во услови кога остатокот од граѓаните и фирмите чекаат со месеци. Сето ова индицира на криминал.

ЈО мора да го испита случајот и да покрене постапка против Зоран Милески – Кичеец, Драги Рашковски и Зоран Заев.

ЈО мора да отвори случај за злоупотреба на службената положба и овластување против Драги Рашковски и Зоран Заев согласно чл.353 ст.5 од КЗ.

Обвинителството да не спие и да го расветли скандалот.

Одговорност мора да има. ЈО мора да отпочне постапка. Никој не смее да премолчува очигледен криминал. Законите мора да се почитуваат и спроведуваат, а сегашното премолчување на криминалот, ќе значи одговорност за сите утре“, изјави Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски