Британскиот принц Хари престојува во Вашингтон, во рамките на својата турнеја низ САД во хуманитарни цели.
Хари, кој е третиот во редот на претендентите на британскиот престол, по татко му престолонаследникот Чарлс и братот принцот Вилијам, беше примен во Белата куќа, каде домаќин му беше Мишел Обама, сопругата на американскиот претседател Барак Обама.
Хари беше почесен гостин на приемот во Белата куќа, организиран по повод американскиот празник Денот на мајките, кој годинава е посветен на мајките на американските војници.
На приемот на кој присуствуваше и потпретседателот Џо Бајден со сопругата, првата дама на САД го претстави Хари како капетан на британската кралска авијација.
Претходно, Хари ја посети специјалната изложба посветена на хуманитарната работа на неговата мајка, покојната принцеза Дијана, за елиминирање на нагазните мини низ светот.
Последната посета на принцот Хари на САД, во минатата година, заврши со скандал, откако тој беше снимен гол со една хотелска девојка, за време на „луда журка со соблекување“ организирана во неговиот апартман во Лас Вегас.