Касулидис: Кипар сериозно размислуваше за излегување од еврозната

Од:

Кипар сериозно ја разгледувал можноста за излегување од еврозоната, открива министерот за надворешни работи Јоанис Касулидис во интервју за весникот „Вашингтон пост“.

Сооред Касулидис, кој е во официјална посета на САД, политичките лидери во неговата земја најмалку два дена ја разгледувале можноста Никозија да се повлече од еврозоната. Тоа се случило откако парламентот го отфрли првиот план на Еврогрупата за спас на кипарската економија.

-Требаше да ги разгледаме сите алтернативни решенија, изјавува министерот.

Една од причините идејата да се отфрли било очекуваното обезвреднување на кипарската фунта за 40 отсто. Тоа би ја уништило економијата на островот, која во голем дел се темели на узвот.

-Ако Кипар излезеше од еврозоната за некои влади, пред се, Грција и Португалија, на пример, ќе беше многу тешко да ја убедат националната заедницата зошто и тие треба да останат во зоната на единствената валута, подвлече Касулидис во интервјуто.

Шефот на кипарската дипломатија, забележува дека Никозија не ја напуштила еврозоната и затоа што не сакала да ги поткопа напорите за посилна Европа, и на економски и на политички план.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ