Двајца штипјани, се напиле па дивееле низ градот и нападнале двајца сограѓани. Инцидентот се случил синоќа околу 19 часот на крстосницата од улиците Сремски Фронт и Џемал Бједиќ.
Триесет и седумгодишниот Р.Т. со возило „голф“ бил пресретнат од друг „голф“ со црвена боја, од каде излегло едно лице коа без причина физички го нападнало, а потоа отишло до автомобилот да земе метална шипка, сакајќи да го претепа, но потенцијалната жртва успеала да избега.
Час подоцна, насилниците застанале крај такси возило и го претепале таксистот со металната шипка. Подоцна, полицијата го привела 34-годишниот А.К. кај кој при алкотестот се откриени 1,48 промили во крвта, а кај две години постариот З.Н. се констатирани 0,74 промили алкохол во крвта.