„Економист“: Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган стапува на светската сцена

Од:

Иако земјите во светот мислат дека мултилатералниот спор за водните територии што Турција ја доближи до војна со Грција е сложен, за турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, тој спор е едноставен и претставува уште една нова задача што треба да се оствари, пишува британскиот неделник „Економист“ во анализа на подемот на турскиот претседател и неговата политика.

Ердоган во неговиот говор одржан на 1 септември соопшти дека политиката на Западот е солиден пример за модерниот колонијализам, кој патем со векови ги користел континентите, од Африка до Јужна Америка, „за да ги масакрира заедниците и да владее по пат на сила“.

Магазинот „Економист“ оценува дека турскиот претседател долго време е против Западот со цел да добие патриотска поддршка во својата држава. Сега, кога не успеа да го преобликува Блискиот Исток, тој сè почесто се обраќа до глобалната публика.

Ердоган се обидува да се претстави како гласот на разумот, кој повикува на единство и сплотеност меѓу муслиманите во светот, а досегашните негови цели се насочени главно на Европа бидејќи традиционално Турција се доживувала како заштитничка на Турците во европските земји, како Франција, Белгија и Германија, пишува лондонскиот неделник.

Синем Адар, истражувач во Националниот институт за меѓународни и безбедносни работи од Германија, вели дека Ердоган ќе се обиде да ја промовира Турција во главен покровител на сите муслимани во Европа. Таквата политика веќе успешно дејствува на Балканот, оценува тој.

Голем дел од таа експанзионистичка политика на Турција претставува новата кампања против исламофобијата, која се води во светски рамки со поддршка од лоби-групите, академијата и турските дипломатски претставништва, пишува „Економист“, а според анализата, земјата им се додворува не само на муслиманите, туку и на афроамериканската заедница во Америка.

Таму Ердоган отвори исламски центар во близина на Вашингтон, каде што пред неколку години се сретна со семејството на муслиманскиот борец за човекови права Малколм Икс, а подоцна именува улица во Турција со неговото име.

Поддршката на афроамериканското население во САД не застана таму. Кога Џорџ Флојд беше убиен од полицаец во Минеаполис, Ердоган на „Твитер“ напиша дека убиството е едно од најдобрите примери за неправедниот поредок.

Иако се чини дека Ердоган полека ја освојува светската сцена, аналитичарите ширум светот сметаат дека неговата порака може да биде помоќна доколку тој престане да затвора илјадници луѓе под лажни обвиненија за тероризам и не ги обесправува милионите Курди во Турција.

Шармот на офанзивноста постигна одреден успех, претседателот Ердоган ужива народна поддршка во делови на Африка и Азија. Речиси 75 отсто Палестинци и Јорданци ја одобруваат неговата политика, покажува анкетата, која беше објавена минатата година, пишува „Економист“. Неговата популарност во Пакистан е таква што премиерот на земјата, Имран Кан, се пошегува на почетокот на оваа година дека Ердоган може безбедно да победи на претстојните избори во неговата земја.

Лидерот на Турција и неговите соработници изгледаат убедени дека стариот поредок се распаѓа и бараат улога во новиот, заклучува лондонскиот неделник во анализата.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски