Путин нема да се сретне со Трамп до изборите во САД во ноември

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп нема да контактираат до претседателските избори во САД закажани за 3 ноември, соопшти денеска Кремљ.

Американскиот ТВ канал Ен-Би-Си, повикувајќи се на свои извори, во средината на август соопшти дека Трамп во разговор со соработници изразил желба за лична средба со Путин до изборите во ноември.

-Засега не се планирани какви било разговори. Засега нема повод за тоа. Но знаете дека тие често општат, изјави денеска Димитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Тој прецизираше дека ако е неопходно, може да биде договорен телефонски разговор меѓу Трамп и Путин. Годинава, двајцата осумпати разговарале по телефон, јави агенцијата Тасс.

По неодамнешното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални со боево хемиско оружје „Новичок“, потврдено од независна лабораторија во Берлин, каде Навални е на лекување, рускиот врв сега е соочен со зголемена меѓународна изолација, сè додека руските власти не поддржат исцрпна меѓународна истрага за пронаоѓање на сторителите на ова злодело.

Поради случајот Навални, официјален Париз денеска го одложи планираниот состанок на министрите за надворешни работи и одбрана на Франција и Русија, закажан за 14 септември.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, поради случајот во прашање е доведена и посетата на Путин на 75. Генерална асамблеја на ОН која започнува на 15 септември во Њујорк.

Руски медиуми летоска соопштија дека Путин има намера да настапи лично со свој говор на овогодишната главна дебата ГС на ОН, за која се предвидува да биде спроведена во делумен виртуелен формат, поради пандемијата на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме никој да ни се заканува

Горан Наумовски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари