Под мотото „Остануваме во Србија” – Србите од северот на Косово кои се противат на договорот со Приштина, денеска ќе организираат митинг во центарот на Белград.
Косовските Срби одбиваат да го прифатат договорот потпишан меѓу премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, со кој се предвидува нормализација на односите меѓу двете земји.
Организаторите повикаа на масовна излезност на граѓаните и тврдат дека собирот е непартиски.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ пред два дена изрази уверување дека планот за имплементација на договорот за нормализација на односите на Белград и Приштина ќе биде завршен за седум до десет дена. Според Дачиќ, во втората половина на мај би требало да продолжи дијалогот со Приштина на највисоко ниво.