ВМРО-ДПМНЕ од денеска започнува со протести

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска почнува со најавените тематски граѓански протести. Протестот најавен за вечер со почеток во 18 часот е против поскапувањето на струјата.

Според најавите, протетсот ќе почне пред зградата на Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.

-Имаме скапа струја, а сиромашен народ, и тоа е првата причина поради која ќе протестираме и поради која ќе излеземе со свои барања. Да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над осум милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во понеделникот, најавувајќи ги протестите.

Ги повика сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци оти е време за обединување и надминување на разликите против оваа власт, која, како што рече, продолжува да се богати врз грбот на народот.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО