Поранешниот бугарски министер за правда Данаил Кирилов поднесе оставка и од пратеничкото место

Од:

Поранешниот министер за правда на Бугарија, Данаил Кирилов поднесе оставка и од позицијата на пратеник откако претходно се повлече од министерската функција.

Бугарските медиуми пренесоа дека  таквата одлука била донесена по разговорите меѓу Кирилов и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Пред да стане министер за правда, Данаил Кирилов беше пратеник на партијата ГЕРБ во три национални собранија.

Пет години Кирилов беше и претседател на Правната комисија на Бугарија.

Тој беше избран за министер на местото на Цецка Цачева во април 2019 година, кога поранешниот претседател на Собранието поднесе оставка заради скандалот „Апартментгејт“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна