Канада: Притворени 37 лица поради корупција

Од:

Поранешниот градоначалник на Лавал Жил Вајанкур во канадската провинција Квебек, еден градежен бизнисмен и 35 лица вчера се притворени поради истрага поврзана со корупција во провинцијата.

Вајанкур кој 23 години беше градоначалник на Лавал, град со 400.000 жители, северно од Монтреал, минатиот ноември даде оставка, откако полицијата изврши претрес на неговата куќа, канцеларија и банкарски сметки.

Тој, пензионираниот градежен бизнисмен Тони Акурс и останатите се обвинети за злоупотреба на функциите, проневера, корупција, измама, перење пари и разбојништво.

Според Квебек Роберт Лафренијер член на антикорупциаската комисија, 37-те лица се дел од организирана криминална мрежа.

Тој прецизираше дека во наведената мрежа учествувале три групи, претприемачи и инженери, адвокати, еден јавен записничар и еден бизнисмен, јавни функционери, вклучувајќи го и градоначалникот н аЛаваљл и градскиот менаџер.

Комисијата работи на истражување на корупцијата и злоупотреба во доделување на владини градежни работи во провинцијата.

Вајанкур е обвинет дека зел мито во висина од 2,5 проценти, од договорот за јавни работи во градот кој во последните години доживеа градежна експанзија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто