Италијанскиот амбасадор во Битола на одбележувањето на Денот на Европа

Од:

Со повеќе настани денеска во Битола беше одбележан Денот на Европа. Свеченостите по повод 9 Мај започнаа со полагање на цвеќе пред споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура, по што следуваше музичка програма на плоштадот Магнолија.

Програмата започна во 12 часот со интонација на националната химна и химната на Европската Унија, а потоа пред присутните следуваше обраќање на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески и италијанскиот амбасадор, Фабио Кристиани.

Ученици од сите училишта во градот извршија презентирање, преку свои креативни идеи, на повеќе членки на Европската Унија – Италија,Чешка, Германија, Словенија, Ирска.

Во попладневните часови амбасадорот на Италија го посети локалитетот Хераклеја, а за во вечерните часови, а од 20 часот се отвори и Италијанската филмска недела во Центарот за култура во Битола.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски