Лидерот на Демократската партија Борис Тадиќ, изјави дека организираниот криминал се радува на политичките промени во Србија.
Тадиќ рече дека од новиот претседател на Србија очекува гаранции дека нема да има компромиси со организираниот криминал ниту со одредени структури за хашките обвинети.
Во интервју за „Нов магазин“, рече дека затоа не се чувствува повеќе безбеден, затоа што во Србија, додека тој бил претседател, бил воспоставен највисок степен на безбедност.
„Внимателно ќе го набљудувам новиот претседател колку е подготвен за преземање ризик, тоа не е вербално прашање, туку прашање на реалноста, и тоа се мери со фактот колку криминалци ќе бидат уапсени, дали сте правеле компромиси со криминалците, со веоените злосторници, со прашањата од витален национален интерес“, изјави Тадиќ.
Не е оптимист бидејќи на листите на политичките партии кои претендираат да влезат во новата влада има луѓе кои, вели, ги величаат воените злосторници.