Британски научници создале нов начин за следење на здравјето на луѓето – сензор кој се вградува во телото и детектира било која болест.
Тие тврдат дека новата технологија може да ги следи движењата, навиките, исхраната, тежината, расположението и отчукувањата на срцето на корисникот.
„Дигиталниот здравствен асистент“ може да препознае болест и автоматски да испрати предупредување.
Научниците велат дека може да детектира и дали лицето ги зема вистинските лекови и да воочи симптоми на мозочен удар со следење на неприродни движења или фацијални експресии.
Дизајнерите на новиот систем кој го доби името SPHERE (Sensor Platform for Healthcare in a Residential Environment) сметаат дека тој може да обезбеди 24-часовна грижа.
– Производството на сеприсутните и невпечатливи „пасивни сензори“ е цел на овој проект. Тие ќе можат да се додаваат на гардеробата или накитот, а постои и можност за вградување имплант, изјави Вилијам Харвин, еден од истражувачите од Универзитетот Рединг.