Уметниците Наташа Попоска – Карче, Хава Реџепи, Ристо Андреев, Горан Јованов и Ѓоко Симјаноски преку своите уметнички креации создадоа дела што ќе останат забележани во трајна меморија на уметничката колонија во Трпејца.
„Убава слики, убава дружба и многу инспирација – Трпејца е прекрасна“, се дел од импресиите на учесниците на третата уметничка колонија „ТРПЕЈЦА 2020„ во ОУ „Наум Охридски“, која заврши во саботата.
На настанот присуствуваше и познатиот уметник Владимир Темков кој 30 години организира колонија во Кавадарци,а беше на пропатување за Поградец – Албанија каде учествуваше на тамошната колонија.
На Колонијата присуствуваа и Ставре Димитров – Стадим и Живко Поповски Цветин, кои со по едно свое дело ја поддржаа колонијата и уметниците. Делото на Цветин, Цвеќињата на мирисот ќе ги краси просториите во училиштата во Пештани и Трпејциа.
Организаторот на здружението „За Трпејца со љубов“ најави изложба на дела од колонијата на следното издание на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца, што ќе се одржи следната година.