Хигсовиот бозон ставен пред хамлетовската дилема: Да се биде или не

Од:

Откривањето на Хигсовиот бозон или популарно наречен „божја честичка“ чинеше многу време и уште повеќе пари. Научниците останаа вчудоневидени од овој нов пресврт во нивната кариера и животот воопшто, кој во исто време значи и отфрлување на се што досега сме знале и менување на сите учебници по физика.

Добрата вест е дека науката работи. Преку теорија и експеримент, идеите се тестирани, предвидувањата потврдени, а така и нашето разбирање на светот постојано се проширува.

Иако повеќето светски умови се собраа на одбележување на моментот и му честитаа на Питер Хигс за откривањето на толку посакуванитот бозон, сепак повќето од нив се сомневаат во откритието на векот. Тие сега само повеќе веруваат дека постојат силни индикации што укажуваат на постоење на нови честички, кои би можеле да бидат Хигсовиот бозон. Но, дали нависитна тоа се или не се, ќе бидат потребни повеќе податоци пред сите истражувачи да да бидат сигурни.

Резултатите презентирани на 4 јули 2012 се прелиминарни, ЦЕРН-овците сметаат дека ова откритие најверојатно најавува нова ера во физиката.

За другите пак, универзумот е се уште е полн со мистерии и изненадувања.

Повторно останува дилемата: материјата или енергијата, односно Бог или експлозијата. Или пак некој нешто не разбра добро.

Сепак во едно нешто сите се согласуваат – денес е добро време да се биде научник.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска