Сирија ќе одговори веднаш и одлучно на секој нов напад од страна на Израел врз сириска територија, изјави денеска заменикот министер за надворешни работи Фејсал Мекдад.
– Дадени се инструкции да одговориме веднаш на секој нов израелски напад, изјави Мекдад.
Изјавата е дадена по два напада на израелската авијација врз објекти во околина на Дамаск извршени во петокот и неделата.