Под изборниот слоган „Нека престанат расипништвото и кражбите, нека живее градот на љубовта“, италијанската порно звезда Илона Сталер позната, како Чичолина се враќа во политиката како кандидат за градоначалник од листата на Либералната партија на административните избори во Рим.
Во својата програма, Чичолина бара градските официјални лица да ги намалат своите плати најмалку за 50 проценти, а заштедените пари да се наменат за подобрување на услугите на граѓаните, бидејки како што рече и институциите мора да се прилагодат на кризниот период, пренесуваат италијанските медиуми.
-Потребно е јавните пари да се наменат за децата, старите и непокретни лица, за заштита на животните, екологијата и туризмот, најважните ресурси на Вечниот град – изјави Чичолина на конференцијата за медиумите.
Таа рече дека се определила за листата на либералите бидејќи тие не се ни од левицата ниту пак од страна на десничарите, а во Италија и двете страни се слични, глумат кавга, но на крај секогаш постигнуваат договор и секој добива дел од власта.
-Рим е европска метропола во која воопшто не е лесно да се живее. Сакам град без комплицирана бирократиј , со решен јавен превоз, истакна Чочолина и најави жестока војна против бетонизацијата на зелените површини.
Илона Сталер е во политичките води од 1979 година, кога ја формира партијата на сонцето.
Од 1987 до 1992 година беше пратеничка на Радикалната партија во италијанскиот парламент и ангажирана во комисијата за одбрана и развој.
Елена Георгиевска