ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги доведе граѓаните до питачки стап, ама затоа неговите бизниси цутат

Од:

„Зоран Заев и СДСМ донесоа сиромаштија на граѓаните. Секој ден над стотина граѓани остануваат на улица, а Заев вели дека Република Македонија има стабилна економија.

Додека граѓаните осиромашуваат и не знаат како да ги платат даноците, Заев заедно со неговите министри се луксузира.

Шекеринска во министерството за одбрана купува колачи и вафли, а 40.000 луѓе ново невработени немаат за леб“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Економијата во државата доживеа колапс. Според извештаите земјата во вториот квартал од 2020 година, бележи нето одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција.

Згора на сето тоа владата предводена од СДСМ зададе и нов удар на граѓаните, им ја покачи струјата за 7.5%. Власта на Заев воведе второ поскапување на акцизата на горивата од 3 денари по литар, ја задолжи и државата за дополнителни 1 милијарда евра за само три месеци.

Државата тоне поради Зоран Заев. Зоран Заев ги доведе граѓаните до питачки стап, ама затоа неговите бизниси цутат“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ