(ВИДЕО) Скандал на УС Опен: Дисквалификуван Новак Ѓоковиќ

Од:

Ова навистина ретко се гледа во светот на тенисот. Новак Ѓоковиќ случајно го погоди линискиот судија, поради што е дисквалификуван.

Српскиот тенисер по изгубениот брејк го фрли топчето зад себе и го погоди судијата. Немаше никаква агресија или намера некој да биде погоден, но линискиот судија падна.

Иако Ѓоковиќ беше вознемирен по изгубениот брејк, немаше намера да го направи ова. Тој ја погоди во незгодно место, директно во врат, по што жената се бореше за воздух.

Тенисерот веднаш се залета кон судијата и и пружи помош, викнаа по доктор и ситуацијата изгледаше прилично сериозно. Но, судијката набрзо зема воздух.

Неколку десетина минути траеше носењето одлука како и дали ќе биде казнет Ѓоковиќ, по што беше дисквалификуван од УС Опен.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен