Делчево рекордер по бројот на новозаболени до Ковид-19 на Истокот

Од:

Со вкупно 13 нови позитивни случаи, Делчево денеска е рекордер по бројот на новозаболени од Ковид-19 на Истокот. Од здравствениот дом во Делчево информираа дека случаите се заеднички со Македонска Каменица, каде денеска двајца од вкупно тринаесетте регистрирани се позитивни на коронавирус.

-За жал и денеска како и вчера сме меѓу градовите со најмногу новозаболени. Тестирањата за кои резултатите ќе се знаат во наредните денови продолжуваат и понатаму. На новозаболените им посакуваме побрзо оздравување, истакнаа од делчевскиот здравствен дом.
Воедно како што додадо тројца од пациентите кои претходно се водеа како позитивни, денеска се регистрирани за оздравени.

Најмногу оздравени денеска има во Берово, вкупно 6 од претходно заболените од Ковид-19. Во оваа малешевска општина денеска има само еден новозаболен од коронавирус, додека во соседно Пехчево присуство на вирусот е регистриран кај 3 лица. Во целиот регион бројката на заболени изнесува 154 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски