754 активни случаи на коронавирус во Скопје, најмногу во Аеродром

Од:

Со 112 заразени, Аеродром има најголем број активни случаи на Ковид-19 меѓу десетте скопски општини и општините во поширокиот регион на главниот град.

Според денешните податоци на Министетсвото за здравство за поминати 24 часа, 85 активни има во Чаир, по 82 се во Гази Баба и Карпош, 80 во Кисела Вода, 76 во Центар, 52 во Бутел, 43 во Ѓорче Петров, 31 во Шуто Оризари, 24 во Студеничани, 20 во Сарај, 14 во Арачиново и 12 во Илинден.

Сопиште и Петровец имаат по седум активни случаи, во Чучер Сандево се тројца и двајца во Зелениково.

Како странци се заведени осум случаи, а нераспределени се 14.

Вкупниот број активни на болеста во Скопје се 754, а од почетокот на епидемијата со вирусот во главниот град се заразиле 6.114 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски